Зоран Заев и Али Ахмети калкулираат: Оливер Спасовски, Никола Димитров или Стево Пендаровски да биде нивниот консензуален кандидат за претседател на државата. Официјално, името на избраникот ќе го кажат денес, но неофицијално се уште постои внатрешна калкулација кој од трите имиња да трча за нив.
Имено, извори на „Бихаќка“ за „Макпрес“, велат дека во овој момент останува првата позиција според рејтингот на Спасовски, пред се меѓу членството и меѓу албанското гласачко тело. Зад него се другите двајца, кои се надпартиски личности, но не уживаат висока поддршка меѓу членовите на СДСМ и кај Албанците.
Според нашите извори тие се повеќе наметнати солуции од странците. Па така за Димитров навиваат амбасадорите на Европската унија. Пендаровски пак е варијанта според американскиот фактор, а за него би гласал и албанскиот електорат.
Дали Заев ќе одигра според волјата на членството или на странците? Од анкетите, што засега се чуваат во тајност, најблиску до рејтингот на кандидатот на ВМРО ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова е Пендаровски. А калкулациите на Заев ги мати и условот што неодамна му го ставил на маса партнерот Ахмети: началничка позиција во Генералштабот на АРМ. Засега овие преговори се ставени во мирување меѓу партнерите.
Но, ако Спасовски биде изборот, тогаш останува празно неговото столче во МВР – исто така желба на ДУИ.