Спасовски или Пендаровски - кој ќе биде консензуалниот кандидат на владејачката коалиција СДСМ – ДУИ, се чува во тајност до крајниот момент. Официјално, според премиерот, се очекува да биде обелоденет до вечерва откако ќе завршела партиската дебата попладнево.

Неофицијално,според извори на „Макпрес“ првоспоменатите имиња се во најтесниот избор. Министерот Оливер Спасовски, партиски омилен, со поддршка меѓу албанскиот електорат и коалициониот партнер и вториот , Стево Пендаровски– надпартиски, со поддршка не толку голема во членството на СДСМ, ама од западните фактори и од ДУИ - прилично висока. Димитров, според истите извори, засега не е најприфатливата варијанта за Ахмети, односно отпаднал од игра.

Како што веќе објавивме, коалиционите партнери калкулираат оти секој момент се користел за мерење на „тежина“ на биографијата, направени грешки, пропусти, афери, кредибилитет кај меѓународната заедница. Но пред се, да може да се бори со високиот рејтинг на кандидатот поддржан од ВМРО ДПМНЕ- Гордана Силјановска – Давкова