Вечерва кандидатот за претседател на Република Македонија г-ѓа. Гордана Силјановска Давкова оставри средба со граѓаните од Општина Пехчево каде што говореше за се позачестеното иселување на младите и нивната причина за иселување.

- Сите зборуваат како да се спречиме егзодусот на младите каде што нема млади, не се раѓаат бебиња, наталитетот паѓа, иднината ни е под знак прашалник и си велиме што е она што ги тера да бегаат од овде, рече Силјановска.

Според Силјановска Давкова, податоците велат дека 58% од анкетираните од младите, сметаат дека основната причина е лошите услови или лошиот живот. Е, сега колку е ова во хармонија со основното мото на партијата на власта и коалиционите партии, нели кои не убедуваа дека основната цел во нивната програма, во нивното дејствување е да го вратат животот во Македонија.

Давкова додаде дека, ако е враќање на животот да ги истерате и оние млади кои би било најдобро за оваа земја да останат овде, бидејќи тие се најработно способните, тие се во најплодната восраст, тие можат да направат демократски промени во Македонија, тогаш голем проблем има со животот во Македонија. Тој како да се преселил или како нашите млади луѓе да влеваат живот во некоја од соседните држави најчесто во Италија.

Како втора причина заради која си заминуваат над 45% од младите од Македонија, Силјановска Давкова смета дека е заради лошото образование.