На годишната конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски посочи дека сето ова што го приредува власта нема да ја покрие мизеријата во економијата.

-И додека надвор Премиерот оди на балови во фрагови, народот овде вистински гладува. Дури и последната фалба за наводно рекордно ниво на странски инвестиции во земјава е лага. Од наводни 656 милиони евра, дури 500 милиони е реинвестираната добивка на странските компании што ги донесе владата на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што во четвртиот квартал сите тие акумулираната добивка ја извадија и ја реинвенстираа зошто од 1-ви јануари наваму воведоа данок на реинвестираната добивка и им го зголемија персоналецот на распределената добивка, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека само бизнисите на власта овде цветаат и ништо друго.

-И во ваков еден уникатен систем Заевизам, при што нема друга држава во светот каде премиерот бил амнестиран за криминал и во исто време ослободен од гонење за криминал и поткуп додека бил на функција, раѓа и други уникатни девастирани блефери. Па така се одлучија да го кандидираат Стево Пендаровски за претседател. Значи толку голема е кадровската криза во СДСМ и откако ги вработија сите роднини на функционери и не остана незапослен роднина на функционер, започнаа нов процес да ги кандидираат луѓето по втор пат за иста функција иако веќе еднаш загубиле на избори, порача Мицкоски.