Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оценува дека кризата во СДСМ е толку голема, што почнаа да кандидираат свои функционери по втор пат.
-И во ваков еден уникатен систем Заевизам, при што нема друга држава во светот каде премиерот бил амнестиран за криминал и во исто време ослободен од гонење за криминал и поткуп додека бил на функција, раѓа и други уникатни девастирани блефери. Па така се одлучија да го кандидираат Стево Пендаровски за претседател. За два дена селебрити стана пусти Стево. А до вчера, преку истите нивни портали, му нарачуваа текстови дека ќе се распаднел СДСМ ако не бил другиот кандидат. Па некои штабови чудни правеа во Македонија. Ги гледаме денес метафорично, саркастично, му посакуваат успех. Иако и тој самиот е свесен во неговиот неуспех, порача Мицкоски.