На денешната редовна седница на Централниот комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, која имаше прилика да се претстави пред ЦК, кој изрази недвосмислена поддршка за истата.
ЦК на УМС на ВМРОП-ДПМНЕ констатираше дека власта ја води државата во погрешна насока, политиките се катастрофални и дополнително ја влошуваат состојбата на младите. Иселувањето ветуваа дека не само што ќе го запрат, туку и ќе почнат да ги враќаат младите во државата, сега не само што не е запрено, туку дополнително младите се повеќе се иселуваат.
Додека младите забрзано се иселуваат, власта ги полни институциите со децата на функционерите, кои од парите на граѓаните земаат високи плати.
ЦК на УМС на ВМРО ДПМНЕ го осудува прогонот врз младите и сите неистомисленици. Пред ЦК беше презентирано дека на меѓународен план, собранието на младината на ЕПП изгласа резолуција во која се осудува политичкиот прогон во државата.
Младите јасно стојат зад политиките на ВМРО-ДПМНЕ и во неа гледаат единствен спас од оваа бесперспективност. ЦК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите млади во државата кои знаат во кој правец треба да се движи државата, кои сакаат просперитет и иднина тука, да ни се приклучат и заедно да го поразиме СДСМ прво на претседателски избори, а потоа и на предвремени парламентарни избори.