Општина Струмица ја зголемува безбедноста во сообраќајот на крстосници на кои е намалена видливоста со поставување на сферни огледала. Ваква опрема се поставува на повеќе крстосници во градот и населените места и се поставени 10 сферни огледала.
Покрај поставувањето на оваа собраќајна опрема, од општината најавуваат дека наскоро ќе почнат со замена на уништените и дотраени „лежечки полицајци“ на повеќе локации во градот.