Дванасет невработени лица кои се преквалификуваа за шивачи на текстилни материјали, успешно ја завршија тримесечната обука во средното текстилно училиште (СОУ) „Димитар Мирасчиев“.

Како што вели директорот на училиштето, Дејан Доневски, полагањето заврши денеска, а доделени се и сертификати.

-Теоријата и дел од пракасата се одвиваше во нашето средно текстилно училиште „Димитар Мирасчиев“, а вториот дел од практичната работа во две текстилни компании, „Ти текстајл“ и „Зогори“. Од 14 кандидати вкупно 12 успешно го завршија полгањето, од кои некои стекнаа сертификати за самостојно вршење на работата, некои со повремен надзор, а некои со постојан надзор се до натамошно усовршување, истакнува Доневски.

Текстилните компании во кои се одвивала праксата веќе пројавиле интерес за вработување на дел од преквалификуваните работници.

СОУ „Димитар Мирачсиев“ кое за наредните три години ја има акредитацијата за Центарот за обука на возрасни, овој проект го реализираше во соработка со Центарот за вработување и УНДП. Следниот оглас за преквалификација на невработени се очекува најдоцна до мај, кога невработени ќе можат да се пријават за овие обуки.