Во крушевското село Борино наскоро се очекува да биде готов резервоарот за вода за пиење кој ќе опслужува околу 440 жители.

Како што информираа крушевскиот градоначалник Томе Христоски и директорот на јавното комунално претпријатие „Комуна“ Наум Илиески кои го посетија Борино, истакнаа дека работите на изградбата се интензивираат.

Иако изградбата се заговарала преку 30 години, проектот почна минатата година.

-Ја следиме изградбата на резервоарот за питка вода. Очекуваме брзо да биде оспособен и ставен во функција, изјави Христоски.