Делчевскиот регион го доби првото регистрирано Здружение на љубители на стари возила.
Како што информира претседателот Лоренцо Трајановски, здружението „Кралеви на патиштата” е прво од ваков вид не само во Делчево, туку и на територијата на Источна Македонија.
-Чест и задоволство ми е да соопштам дека денеска е регистрирано нашето здружението „Кралеви на патиштата” со меѓународно име „King’s of the roads”, рече Трајановски, изразувајќи благодарност до сограѓаните, „Ретро фрикс“ од Битола, „Ретро Клуб Пирин“ од Благоевград, Општина Делчево и други приватни фирми од Делчево.
Она на што ќе се фокусира ново формираното здружение е организирање на четвртото Ретро-кар шоу што треба да се одржи на 13 април во Делчево.