Во рамките на втората фаза од проектот „Oдржливо управување со природните ресурси во микро регионот Пијанец-Малеш“, Општина Делчево во партнерство со општините Пехчево и Берово спроведува активности за подобрување на турустичката понуда во микро регионот Пијанец-Малеш.
Во рамките на овие активности како што информираше координаторот на проектот Тони Стоименовски, во регионот се поставени букви со имињата на градовите направени од дрво кои се во функција на туристичка понуда, рамки за фотографирање и велосипедски паркинг од дрво.
-Покрај овие активности подготвени се и во фаза на поставување се 31 туристички патоказ, и 15 информативни табли, како и обновување на 21 информативна табла од првата фаза на проектот. Исто така општините Делчево, Пехчево и Берово опремени се со техничка опрема и простории за промоција на регионот, а подготвени се и промотивни материјали за потребите на туристите кои ке бидат достапни како печатени така и на ново изработената веб страна за таа потреба, информира Стоименовски.
Додава дека во рамки на проектот за зајакнување на капацитетите на општините се реализирале и две обуки за туризам.
Проектните активности се реализираат преку Програмата за зачувување на природата во Македонија со финансиска поддршка на Швајцарската конфедерација преку Швајцарската агенција за соработка и развој. Партнер спроведувач во прокетот е Фармахем и Центарот за развој на Источниот плански регион.