Музејот на македонската борба денеска организира изложба и хуманитарна работилница на тема „Жената борец за слобода и македонска државност“.
Покрај експонати за жените борци од македонската историја, ќе бидат презентирани и предмети од изложбата „Праисториските дами од Македонија“ на Ирена Колиштрковска-Настева од Археолошкиот музеј.
Хуманитарната работилница, пак, ќе ја реализира во соработка со Здружението на инвалиди „Мобилност“ од Скопје.
На настанот кој е посветен на Меѓународниот ден на жената 8 Март ќе настапи и ансамблот „Македонија“.