Библиотеката „Благој Јанков Мучето“ од Струмица денеска традиционално ги додели наградите на најсупешните литературни творци на тема „Приказна под маска“.

На распишаниот конкурс пристигнале 41 литературни творби во три категории.

Жири комисијата во категоријата од прво до петто одделение ги награди учениците Мирјана Ристова, Христина Врешкова, Филип Грендов, Стефан Арламов, Елена Влахова и Анастасија Андрашевска.

Во категоријата ученици од шесто до деветто одееление првонаградени се Тиме Крстев и Атанас Мишев.

Во категорија средни училишта првата награда им е доделена на Марија Витанова и Михаела Каракамишева, двете од Струмица.

Кај возрасните автори првата награда ја поделија Снежана Паноска од Прилеп и Наташа Цонева-Лазаревска од Струмица, втората и припадна на Славица Андреева, а третата на Марија Спасова.

На најуспешните литаратурни творци им беа врачени пофалници и книги од издавачката куќа „Просветно дело“ од Скопје.

Настанот е во рамките на карневалските празнувања во Струмица, кои започнаа вчера.