Кандидатката за претседател на Република Македонија Гордана Силјановска на својот фејсбук профил денеска се осврна на празнувањето на 8 Март.
Дали е среќен 8 Март?
„Да, вистинското прашање кое треба секое општество да си го поставува, одново и одново, гласи: дали е 8 Март среќен? Дали е празник, и дали имаме со што да се гордееме на планот на женската еманципација и родовата еднаквост? Премногу едноставно е да се одржи говор или да се напише пригодно писмо со кое ќе се порача дека на Македонија ѝ требаат силни и остварени жени.“ - рече Силјановска Давкова.
Потребна е акција, а тоа се виде на лицата на жените (и мажите) со кои денес марширав во центарот на Скопје. Жените не сакаат цвеќе и празни честитки еден ден во годината, тие бараат еднакви можности во сите општествени и јавни сфери. Лично се нафатив да се борам против еден стереотип за жените во политиката. Жената, со својата специфична природа и пристап кон проблемите, може да биде силна и може да го менува општеството, ама и начинот на кој се води државата. Ние можеме! Македонија, политиката и Јустиција – сите се во женски род!, напиша Силјановска.