Покачувањето на дневните температури и наглото затоплување на времето се причина за зачестените пожари на отворено во Гевгелиско, велат од ТППЕ Гевгелија, чии пожарникари во последно време се случува дневно да интервенираат и по пет до шест пати.

Најголемиот број од пожарите се на отворено поле, а нивни причинители се неодговорните земјоделци и други граѓани кои се однесуваат крајно невнимателно кога ги чистат земјоделските површини од сувите треви, најчесто со горење.

-Тоа ги предизвикува пожарите кои зафаќаат се поголеми површини и претставуваат закана за нивно проширување. Предизвиканите пожари се успешно локализирани и изгаснати, но нивната зачестеност претставува проблем и закана од поголеми пожари од кои и последиците би биле поголеми,велат пожарникарите од Гевгелија.

Надлежните општински органи се огласија со порака дека дефинитивно против предизвикувачите на пожари ќе преземаат посебни санкции, согласно законските прописи. им/сд/