Кавадаречките полицајци им поделија цвеќиња и флаери за внимателно возење без консумирање на алкохол на жените возачи. На ваков начин им го честитаа празникот на жената.

– Целта беше да се испочитуваат припадничките на понежниот пол кои денеска слават, а истовремено и превентивно да се делува на терен, со цел безбедност за сите учесници во сообраќајот, рече Димитар Каракулев, инспектор за превенција.

Акцијата беше во организација на ПС-ОН Кавадарци и одделението за превенција.