Отсекот за превенција при СВР-Битола, заедно со Полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР-Битола, денеска на повеќе локации низ градот реализираа осмо мартовска Сообраќајно воспитна акција.
Во акцијата акцентот беше ставен на возачи од понежниот пол и пешаци кои правилно ја преминуваат улицата на пешачки премин.
– За безбеден сообраќај потребна е превентивна активност, но и мотивирачки акции каква што беше денешната, зашто сакавме да ги пофалиме и истакнеме совесните жени возачи и пешаци кои доследно ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Токму затоа, денеска на повеќе фрекфентни сообраќајници во Битола, припадници на Полициската станица за безбедност во сообраќајот, поводно, подаруваа цвеќиња на жени учесници во сообраќајот, истакна Сања Стаматова, портпарол на СВР-Битола.