Претседателот на хуманитарното здружение „Балкански сираци“ и хуманист Халил Кастрати при неговата денешна посета на Гостивар го доби признанието „Златен клуч на градот“ што се доделува на личности кои имале особен придонес во развојот на општината.
Градоначалникот Арбен Таравари на средбата истакна дека Кастрати е исклучителен хуманист кој со неговиот ангажман придонел за решавање на станбеното прашање на многу семејства кои се во тешка економска ситуација.
Таравари нагласи дека со здружението наскоро ќе биде реализирана заедничка хуманитарна акција, а тоа ќе биде и официјализирано со меморандум за соработка.
– Овие денови ќе се подготви меморандум и тој да се потпише. Со него предвидуваме да се изградат пет куќи во Гостивар за ранливи семејства. Општината ќе учествува со по 5.000 евра за изградба на секоја куќа, како и приклучок до водовод и канализација, изјави градоначалникот на Арбен Таравари.