Во прилепско е мирно и локализирани се сите пожари кои беа активни во текот на вчерашниот ден.

Виктор Стојчески, командир на прилепската противпожарна единица информира дека синоќа беше изгаснат големиот пожар кај селото Дабница каде гореа борова, нискостеблеста шума и смрека, а локализирани се и другите жаришта.

– Локализирани се пожарите кај селото Зрзе, Долненско, пота во атарот на селото Марул и кај селото Селце. Во моментов е мирно и нема огнени жаришта во општината, вели Стојчески.

Пожарникарите и од подружницата на ЈП „Македонски шуми, „Црн бор“ од Прилеп нагласија дека пожарите се подметнати и намерно предизвикани и се апелира ваквите сторители службите да ги откриваат.