Заврши реконструкцијата на дел од клоновите во дветте штипски градинки „Астибо“ и „Вера Циривири-Трена“. Општината од буџетот од 2018 година издвои 95.000 евра, од кои 55.000 евра се инвестирани во градинката „Астибо“, а 40.000 евра во „Вера Циривири –Трена“.

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски денеска ги посети двете детски градинки, каде што и за оваа година најави нови инвестиции, а потенцираше и дека во тек е изградба на новата градинка во населбата „Сењак“, со што Штип го решава проблемот со долгата листа за прием на деца. Во детската градинка „Астибо“ по неколку денеции е извршена реконструкција на кујната.

Освен што направивме реконструкција на кујната, ја заменивме електричната инсталација, купивме и нова печка за оброци, нов двокрилен фрижидер и професионална перална и сушара, вели Билјана Трајчевска, директорка на градинката „Астибо“.

Во градинката „Вера Циривири Трена“ се реконструираа санитарните јазли, инсталацијата и се поставија ПВЦ врати во градинката во Автокоманда.

Проектот за реконструкција на „Развигорче““ во населбата Автокоманда нема да застане овде, ние ќе продолжиме и понатаму во иднина ќе се реконструира кровната површина и другите потреби за самиот објекти, рече Софка Атанасова, директорка на градинката „Вера Циривири Трена“ – Штип.

Директорките на градинките најавија дека со средства од општинскиот буџет ќе продолжат да се подобруваат условите во објектите, каде што со години не е инвестирано.