Штипското комунално претпријатие „Исар" почна со пролетното чистење и уредување на населбите. Активностите почнуваат од населбата Три Чешми,а ќе продолжат и во останатите населби низ градот, а се очекува до крајот на пролетта да завршат сите активности. Директорот на ЈП „Исар", Живко Тасев вели дека почнато е и со хортикултурното уредување.

– Секторите Комунална хигиена и Паркови и зеленило спроведуваат низа на активности, како косење на тревата на фудбалскиот стадион во оваа урбана заедница, чистење и метење на улиците,машинско и рачно миење на сите улици во оваа населба, хортикултурно и партерно уредување, поставување на клупи и корпи за отпадоци, вели Тасев.

Тој додава дека секоја населба ќе биде исчистена и уредена, а граѓаните треба да имаат одговорност за просторот, околу нив, односно да не се создаваат мали депонии, кои се грда слика.