Општина Новаци се збратими со општината Караџасу од Турција, а повелбата за збратимени општини ја потпишаа градоначалниците Љубе Кузманоски и Мустафа Бујукјапиџи.

Караџусу е една од општините на градот Ајдин, и според текстот на повелбата, соработката ќе биде со широк опфат.

– Општините ќе соработуваат на економски, културен и спортски план, како и во други области од општествениот живот. Ќе ги унапредуваме взаемните односи, размена на искуства и широка соработка и подготовки за аплицирање на заеднички проекти и нивно финансирање од фондовите кои се достапни на двете општини, истакна градоначалникот Кузманоски.

Општина Новаци посветува посебно внимание на меѓународната активност и освен со општини од Турција, соработува и со општини од Грција, Хрватска и Франција.