Општина Кисела Вода од денеска е домаќин на 10. Меѓународен турнир во карате „Фунакоши Гичин опен“.

На турнирот се натпреваруваат ученици, помлади кадети, кадети и јуниори од Бугарија, Србија, Албанија и Косово.

– Општина Кисела Вода останува отворена за сите спортски настани кои имаат за цел промоција на општината и на здравиот начин на живот. Само преку спортот можеме да изградиме здрави личности кои ќе бидат двигатели на нашата општина, рече на отворањето на турнирот градоначалникот на Кисела Вода Филип Темелковски.лв/