– До крајот на март ќе имаме една целосно нова реконструирана улица, побезбедна за движење на возилата и пешаците, со оглед на тоа што вршиме целосна обнова на коловозот и на тротоарот, нагласи Шилегов, по повод реконструирањето на улицата „Братфордска".

Посочи дека во претстојниот период ќе биде извршена целосна реконструкција на булеварите „Партизанска", „Крсте Мисирков" и „Асном".