Пехчевци се организираат за помош откако синоќа во пожар целосно изгоре куќата на 86-годишниот Михаил Митриновски од Пехчево.

Градежен материјал, работна рака и се што е потребно за санација на куќата ќе им биде добредојдено на ова семејство, вели Кире Лазаровски, вработен во Јавното претпријатие „Комуналец“ кој заедно со соседите активно учествуваше во гаснењето на куќата која и денеска чадеше од синоќешниот пожар.