Општина Штип заедно со ЈП „Исар“ денеска започна со градежни активности за изградба на нова водоводна линија на дел од улицата Сутјеска, а се протега од кружниот тeк до Авто-мото сојузот.
Градоначалникот Благој Бочаврски денеска изврши увид во градежните работи и истакна дека станува збор за 550 метри водоводна линија и инвестиција во висина од два милиони денари, а изведувач на овие активности е јавното претпријатие „Исар“.
Општина Штип преку Јавното претпријатие „Исар“ денеска започнува со реконструкција на целата водоводна линија во должина од 550 метри, а инвестициската вредност на зафатот е околу два милиони денари, рече Бочварски.
Општината распиша тендер за асфалтирање на дел од улица „Сутјеска“, со што дополнително се обезбедуваат подобри услови за живеење на граѓаните од овој дел од градот. Во штипската населба „Блок 2000“ се асфалтира нова улица каде што сопствениците на индивидуалните куќи пред неколку години си ги платиле целосно комуналиите, но сега се реализира изградбата на новата улица, со што Бочварски вели дека се исправа една неправда од претходната локална власт кон овие сопственици.