Волонтерите на Црвен крст на Република Македонија – општинска организација Кичево во рамки на ЦКА-ПХВ циклусот го одбележаа 8 Март, Меѓународниот ден на жената.
Од страна на волонтерите се организираше хуманитарен базар на кој беа понудени рачни изработки.
– Во изработката на овие продукти учествуваа 12 волонтери кои неуморно се подготвуваа и ги изработуваа рачните изработки две недели. Акцијата со голем интерес беше проследена од страна на граѓаните кои се вклучија и си го одбраа својот подарок, а притоа донираа хуманитарен прилог, вели Ивана Лазеска од Црвен крст Кичево.
Истакна дека собраните средства ќе бидат наменети за помош на шест члено семејство од социјално ранлива категорија од нашиот град.