Кандидатот за претседател на Република Македонија г-ѓа. Гордана Силјановска Давкова денес оствари средба со пазарџиите на Зелен пазар со кои говореше за лошите услови кои ги чувствуваат на нивна кожа.

Пред пазарџиите г-ѓа. Силјановска Давкова истакна дека многу често оди на пазарчето Буњаковец, во близина на нејзиниот дом. Тоа никогаш не и е напор и задача, туку уживање. Таму секогаш е добредојдена, бидејќи наоѓа време да си поразговара за она што се нуди, а и со продавачите се познава долги години. Ги знае сите нивни маки и радости.

Денес, сепак, бев на Зеленото пазарче. Убаво беше да се види дека и таму сум добредојдена, иако не ме гледаат секојдневно. Маките се исти, очекувањата исто така. Земјоделците и пазарџиите се вредни луѓе, стојат по цел ден и на студено и на топло време, за едвај да извадат за егзистенција.

Последните потези на владата ги предизвикаа овие луѓе на протести. Тие се само една од групите во општеството кое се чувствуваат изневерени и ограбени. Нам ни треба Македонија, која ќе биде еднаква и правична кон сите, а која ќе покажува посебна почит кон оние кои на потежок начин доаѓаат до приходи, со сопствен труд и пот, појасни г-ѓа Силјановска Давкова.