Здружението на матичните лекари во Кичево денеска излегоа на солидарен протест за поддршка на нивна колешка од Виница.

Кординаторот на Здружението на матични лекари во Кичево Ѓулша Ејуб по краткиот протест во кругот на кичевската болница заедно со нејзините колеги рече дека матичните лекари од Кичево во еден глас се солидаризираат со нивната колешка докторката Виолета од Виница која нема добиено три месеци капитација, а причината е немањето медицинска сестра бидејќи никој не се јавил на огласите што ги објавувала.

– Истото може и нам да ни се случи и да останам без сестра и да останам во исто време без работа, односно капитација, рече Ејуб.