Во општина Македонска Каменица во тек се активности за зголемување на безбедноста и на пешаците во сообраќајот. По изградбата на неколку улици во централното градско подрачје, повеќе патишта и пристапни кракови во селските средини, како што информираа од Општината на повеќе критични места долж тротоарите, пешачките патеки и мостови се поставуваат заштитни метални огради, со кои значително се подобрува безбедноста.
-Како општина продолжуваме да работиме на подобрување на безбедноста на граѓаните во сообраќајот. Покрај уредувањето на поголем број тротоари, пешачки патеки и мостови, продолживме со поставување и на заштитни огради на критични места по сигурноста на граѓаните. Во изминатата година, вакви заштитни огради веќе беа поставени на повеќе места во градското подрачје и во неколку од селските средини во општина Македонска Каменица, информираат од општина Македонска Каменица.
Во насока на зголемување на безбедноста на граѓаните во сообраќајот, од општината соопштија дека со вакви и слични активности ќе продолжат и во следниот период.
Согласно плановите на општината во наредниот период со поставувањето на заштитни огради ќе бидат опфатени пошироките појаси од градските и приградски средини и на места во селските средини во Македонска Каменица.