Почна поставувањето фотоволтаични системи на трите објекти во Општина Старо Нагоричане, на административна зграда, ООУ „Светозар Марковиќ“ и Тренинг центарот, информираа надлежните од Општината.
-Со инсталирањето на фотонапонски системи ќе се заштеди за потрошувачката на електрична енергија кај овие објекти, ќе се намалат трошоците, а истовремено ќе се зголеми и искористеноста на обновливите извори на енергија, се наведува во соопштението на општината.
Средствата за системите ги доделува Министерството за финансии, преку Проектот за подобрување на општински услуги и подобрување на инфраструктура во рурални средини и се наменети за фотоволтаични системи.
Вакви системи за јавни објекти ќе добијат уште 35 општини од четири региони во државата.