Во согласност со членот 75 – ѓ, став 3, 5 и 6 од Изборниот законик – пречистен текст (неофицијална верзија изготвена од Стручната служба на Државната изборна комисија) (Службен весник на Република Македонија, бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16, 142/16, 67/17, 125/17, 35/18 и 99/18), точка VI.5 став 3 од Роковникот за извршување на изборните дејствија објавен од страна на Државната изборна комисија а во врска со Решението за распишување на избор за Претседател на Република Македонија, бр.09-1071/1 од 08.02.2019 година и Решението за распишување на предвремени избори за Градоначалник на општина Охрид, Градоначалник на општина Ново Село и Градоначалник на општина Дебар, бр.09-1072/1 од 08.02.2019 година во прилог го објавуваме ценовникот за платено политичко рекламирање за претстојните избори на информативно-забавниот портал Makpress.mk кој е во целосна сопственост на правното лице - Друштво за маркетинг, медиуми и консултантски услуги Некст левел солушнс ДООЕЛ, Скопје.