Екипи на ЈКП „Дервен“ чистеа на повеќе зелени површини во градот Велес. Тие изминатата недела собраа 18 метри кубни земја и смет на бреговите на Вардар во Градскиот парк, а во околината на Битолска пруга на потегот од надвозникот кај Маслодајна до Комплекс УЗУС за четири дена собраа 20 метри кубни секаков па и габаритен отпад фрлен од несовесни граѓани.
Како што информира за МИА, Тодорка Андреевска портпарол на ЈКП „Дервен“, вработените ги чистеа зелените површини на повеќе велешки улици и скверови: долж улицата „Лазо Осмаков“, на скверот кај „Градски Саат и улицата „Никола Карев“.
-Воедно темело се чистише и на улицата „АСНОМ“ од спој со ул „Индустриска“ до Топилницата,како и во Индустриската зона на градот од спој со ул„Инустриска“ до новиот погон на Крзнарата. Акцијата ќе продолжи и во наредните денови, информира Андреевска. Од ЈКП „Дервен“ аплираат да не се фрла смет на јавните површини, особено габаритен.
-Апелираме до совеста на граѓаните сметот да го исфрлаат во за таа намена поставените контејнери, а зелените површини по чистењето да останат пријатни и чисти катчиња за одмор за нив и нивните деца, вели Андреевска.