Кандидатот за претседател на Република Македонија проф. д-р Гордана Силјановска Давкова оствари средба со граѓаните во Општина Старо Нагоричане, при што разговараше со нив за актуелните проблеми.
Јас знам дека во вашата општина има мешан етнички состав и би сакала да кажам во врска со законот за употреба на јазиците, дека е прво направено од насловот па до последниот член овој закон излегува надвор од Рамковниот договор но и надвор од Уставот. Бидејќи во 2008 година ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ тогаш донесоа закон за употреба на јазикот што го зборуваат најмалку 20% на државно ниво но и во единиците на локалната самоуправа.
Не знам дали некој од вас помни ама јас бидејќи тоа ми е нели професија, можеби подобра професија сум требала да си одберам помнам како тогаш пратениците од СДСМ велеа дека тој закон е неуставен, дека тој закон излегува надвор од Рамковниот договор. Помнам како г. Тачи му приговараше на г. Ахмети дека не издејствувал доволно за албанскиот јазик но неговиот одговор беше не можам да го сменам Уставот.
Уставот не е сменет, ама сега имаме ние еден закон кој има чудно име закон за употреба на јазиците, а всушност е само закон за албанскиот јазик.
Сакам да кажам дека службен јазик според членот 7 односно амандманот 5 од Уставот е и оној што го зборуваат најмалку 20% што значи Србите во општините кај што се 20%, Турците, Ромите, Власите но во овој закон освен препишаниот член од Уставот ништо нема за овие јазици. И тоа е дискриминација, зошто кога одиме надолу дури и Агенцијата само се грижи за албанскиот јазик, казните се многу високи, како да заборавиле дека има и закон за македонски јазик, дека таму пишува дека постои право и обврска да се познава овој јазик, но таму има некои смешни казни и тоа не се казните за неупотреба туку се казни ако се неправилно употребува и ако нема контрола итн.