Ова, како што се наведува во соопштението на партискиот огранок, било одлучено на синоќешното Собрание на дебарскиот огранок на партијата.

– На Изборното собрание во присуство на 59 од 65 делегати едногласно за кандидат за градоначалник на општината беше избран д-р Арбен Аголи. Претходно, за активностите на дебарскиот разгранок за период меѓу двете собранија извештај поднесе Илирјан Фетаху,претседател на разгранокот, додека за актуелата состојба во земјава и значењето на двојните избори зборуваше Сурија Рушити, пратеник во Парламентот на Северна Македонја од редовите на Алијансата за Албанците, се наведува во соопштението.

Аголи беше во трката за градоначалник и на минататите локални избори во 2017 година, кога во вториот круг со тесен резултат беше избран Ружди Љата за градоначалник, кој по кусо и тешко боледување почина во ноември минатата година.