Кандидатот за претседател на Република Македонија проф. д-р Гордана Силјановска Давкова вчера оствари средба со граѓаните во Општина Крива Паланка и разговараше со нив за енормното загадување кој е сериозен проблем кој власта го занемарува и не презема соодветни мерки.

При самата средба проф. д-р Гордана Силјановска Давкова говореше за дадените ветувања за време на предизборните кампањи, дека воздухот ќе го исчитат кога ќе дојдат на власт. Но затоа од нивните ветувања немаше ништо. Граѓаните се гушеа оваа зима, дури и бевме меѓу првите 5 земји во светот по загаденост.

Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова го спомена и Водно како пример, каде што се врши напад врз природата, и при апелите на граѓаните и организациите за заштита на животна средина, тие сепак продолжија да го уништуваат со изговор дека ќе изградат гасификација.

Заменик министерот, бивши пратеник вели сега кога ќе го донесеме законот за заштита на Водно, тогаш ќе биде Водно заштитено и нема да се гради. Ама сега дај да доградиме и да забетонираме уште нешто па после ќе ги решиме сите проблеми, образложи проф. д-р Гордана Силјановска Давкова.

Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова им вети на граѓаните дека кога ќе стане претседателка на Република Македонија ќе се залага да владее правото и законот во држава, а воедно нема да дозволи да се уништува природата како сега што се случува. А, во врска со енормното загадување ќе се бори да се воведат еднаш засекогаш соодветни мерки бидејќи граѓаните имаат право на чист воздух.

Со почит, Проф. Д-р. Гордана Силјановска Давкова