Кандидатот за претседател на Република Македонија проф. д-р Гордана Силјановска Давкова оствари средба со граѓаните од населеното место Могила.
Македонија денес е среќна што Игор Дурловски конечно ја доби слободата и мирот кои што му беа одземени пред речиси 2 години.
Но, тажен ден, зошто со 211 години дури затвор за 15-мината осудени Македонија наликува на земја што има сериозни проблеми со тероризам. Не се согласувам се разбира со овој впечаток што го делат моите колеги кога прашуваат за драконските казни. Она што најмногу ме загрижува е фактот дека ние правниците или некои од нас честопати велиме дека нема поголема неправда од задоцнетата правда.
Нам како да ни се повторува историјата. Јас сепак како правник се надевам и верувам дека повисоките судски инстанци, а можеби и Стразбуршкиот суд ќе се водат навистина од правото и правдата.