По околу два часа тензии пред Парламентот во Тирана, во обид демонстрантите да влезат во зградата, фрлајќи тврди предмети врз полицајците, употреба на солзавец и водени топови од страна на полицијата, на повик на опозицискиот лидер Љуљзим Баша народот се повлече од пред законодавниот дом.

Демонстрантите предводени од Баша маршираа кон булеварот „Народни херои“, потоа булеварот „Жан Д’Арк“ и застанаа пред седиштето на Демократската партија.

Се очекува по обраќаето на Баша учесниците во протестот да си заминат.

Протестот денеска започна во 11 часот пред Владата, но состојбата ескалираше кога насобраниот народ замина пред Парламентот, каде беа повредени повеќе полицајци од удар со тврди прердмети.

За смирување на состојбата апел упати и албанскиот претседател Илир Мета.