Кандидатот за претседател на Република Македонија проф. д-р Гордана Силјановска Давкова денес оствари средба со граѓаните од Општина Охрид.

Заедно со кандидатот за градоначалник на Охрид, г. Митре Милошевски и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ г. Александар Николоски како и членот на ИК др. Кирил Пецаков го посетивме манастирот Св. Петка во Велгошти каде се сретна со локалното население и службата на манастирот. Потоа бевме на средба со локалното население во Лескоец каде што разговаравме за проблемите на граѓаните, истакна проф. д-р Гордана Силјановска Давкова.

Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова потенцираше дека мора заедно да се охрабриме и да се бориме против ненародната влада која покажува негрижа за сопствените граѓани во сите сфери. Како главни проблеми кои ги истакнаа граѓаните се урбанизмот и екологијата.

Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова вети дека како претседателка ќе се залага за истакнување на сите проблеми со кои се соочуваат граѓаните и ќе биде секогаш на страната на народот и Македонија. Правото и правдата ќе бидат подеднакво достапни за сите.

Со почит, Проф. Д-р. Гордана Силјановска Давкова