Кандидатот за претседател на Република Македонија проф. д-р Гордана Силјановска Давкова денес оствари средба со граѓаните од Општини Вевчани и Струга.

Од Струга проф. д-р Гордана Силјановска Давкова потенцира дека беззаконие владее среде прекрасна природа, од Лагадин до струшкото крајбрежје!

Ако ја сакаме Македонија ќе ја чуваме со закон. Македонијо, време е да ја спречиме оваа еколошка катастрофа што се случува во Охрид и Струга. До кога локалната самоуправа и Владата ќе го игнорираат гласот на граѓаните?До кога ќе се игнорираат препораките на еколошките невладини организации? Право и правда, наспроти профит и клиентелизам, нагласи проф. д-р Гордана Силјановска Давкова.

Од Вевчани проф. д-р Гордана Силјановска Давковаистакна дека е кандидатката што се борела, се бори, и ќе се бори за зачувување на идентитетот и името македонско врз база на владеење на правото за сите граѓани.