Кандидатот за претседател на Република Македонија проф. д-р Гордана Силјановска Давкова вчера оствари средба со г. Ердоган Сарач, претседател на Движење за национално единство на Турците во Македонија (ДНЕТ).
Целосна поддршка ја доби проф. д-р Гордана Силјановска Давкова од г. Ердоган Сарач, претседател на Движење за национално единство на Турците во Македонија (ДНЕТ).
Во текот на средбата се разговараше за проблемите кои ги делиме како граѓани во оваа земја. Се заклучи дека сите граѓани на Република Македонија ги споделуваат истите проблеми како не почитување на Уставот и не почитување исто така на законите кои треба да се исти за сите граѓани.
Исто така проф. д-р Гордана Силјановска Давкова и г. Ердоган Сарач се согласија дека мора да се победи на Претседателските избори за да се врати правото и правдата во Македонија. Да се урне заевизмот, а неговото уривање ќе започне со победа на претседателски избори кои ќе бидат гласило за нови предвремени парламентарни избори со цел да се врати правната држава и вербата на граѓаните во правото.