За разлика од минатите избори на кои бев кандидат во 2014 година, сега очекувам, затоа што амбиентот е комплетно променет. Во тој период знаете дека државата беше заробена од една тесна врхушка од владејачката партија, дека администрацијата не беше слободна во своето изјаснување, дека медиумите не беа слободни немавме еднаков пристап во нив, дека практично сите битни сегменти во државата беа контролирани, да кажам еден благ збор. Денеска, демократскиот амбиент е сосема различен сега секој слободно може да си го каже своето мислење и да гласа за оној кандидат кој мисли дека најдобро ќе ги претставува неговите интереси. Значи сигурен сум дека овој пат за разлика од 2014 година ќе добиеме кредибилен победник, односно победник на кој останатите ќе му честитаат бидејќи волјата на граѓаните ќе биде реално пресликана на изборниот ден, истакна кандидатот за Претседател од СДСМ, Стево Пендаровски.