Кандидатот за Претседател на Македонија, Гордана Силјановска Давкова на својот твитер профил одговори на прозивките од Пендаровски во кои тој истакна дека Силјановска не ги осудила инцидентите од 27-ми април и дека релативизирала во врска со судската одлука во која на учесниците им беа изречени затворски казни над 200 години вкупно.

„Бидејќи мојот противкандидат Стево упорно бара да се правдам за нешто што воопшто не е поврзано со мене, а истото неколку пати и на јавни настапи го имам осудено, еве го прифаќам предизвикот на Стево.

#СтевоИзвини за тоа што ги амнестиравте вратарите на терористите.“ му реплицираше Силјановска.