Кандидатот за Претседател на Македонија од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, на својот твитер профил започна камшања под хаштагот #СтевоИзвини.

Овој хаштаг произлезе откако Стево Пендаровски ја обвини дека не ги осудила инцидентите од крвавиот четврток во Собранието на Република Македонија.

Првиот нејзин статус се однесуваше токму на тоа:

„Бидејќи мојот противкандидат Стево упорно бара да се правдам за нешто што воопшто не е поврзано со мене, а истото неколку пати и на јавни настапи го имам осудено, еве го прифаќам предизвикот на Стево.

#СтевоИзвини за тоа што ги амнестиравте вратарите на терористите.“ напиша Силјановска.

После овој статус, кандидатот за Претседател Силјановска продолжи со потсетување на сите неисполнети ветувања кои партијата на власт ги даваше кон граѓаните додека беа во опозиција како и со потсетување за низата скандали кои се случија во овие нецели две години откако раководат со државата.

„#СтевоИзвини за скандалот со проневерените 19 милиони евра од ПИОМ отриен од Мила Царовска.

Колку чини поддршката од како што ти пред 3 години на телевизија ги нарекуваше - "Втората половина од криминалниот режим на Груевски"?“

„#СтевоИзвини што Груевски ви избега и што никој од владата на Република Македонија (без тоа на С) не поднесе ни најмала одговорност за бегството.“

„#СтевоИзвини што не го продадовте мерцедесот на Грујо и што граѓаните се возат во стари и неисправни амбулантни возила. Најбитно е Заевизмот да си се вози. Возиме напред!“