Откако кандидатот за Претседател поддржан и предложен од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова во текот на денешниот ден објави статус во која таа истакна дека нема партиска машинерија позади себе, на твитер и реплицираше Пендаровски:
Јас, за разлика од Стево, немам штаб. Немам луѓе што како војници извршуваат партиски наредби, со надеж дека ако ја завршат добро работата ќе добијат од партија вработување, унапредување или место во некој управен одбор. Имам тим од луѓе кои ги обединува љубовта кон татковината и желбата да се воспостави владеење на правото. Дел се блиски до ВМРО-ДПМНЕ, дел често ги критикувале нивните политики. Но, сите се мотивирани со идејата нашата земја да оди напред и водени од граѓанската должност да дадат свој придонес кон создавање на општество што ќе почива на основите на правото и правдата, напиша Силјановска на фејсбук.
По ова Пендаровски и реплицираше на твитер:
Силјановска го ретвитна неговиот статус и го праша кои штабови ќе стојат позади неговата кандидатура.
Сепак, по некое време, твитот на Пендаровски беше избришан од неговиот профил.