Заедничкиот кандидат за претседател, Стево Пендаровски денес се сретна со граѓаните на Струмица.

Пред граѓаните Пендаровски рече дека негова главна цел е да обезбеди сигурна и стабилна иднина за граѓаните и државата, да продолжи напредокот и да се обезбеди целосна интеграција во НАТО и ЕУ.

Стојам цврсто зад државните интереси, кои значат подобар живот за сите граѓани, сигурност, стабилност, членство во ЕУ и НАТО. Моја цел и лична заложба е да бидам претседател на сите, претседател кој обединува, сплотува и се грижи за доброто на граѓаните - изјави Пендаровски.

Ги менуваме политичката култура и начинот на водење на политика. Стојам пред вас како надпартиски претседател кој секогаш ќе води грижа за она што значи напредок, интеграции и подобар живот - заклучи Пендаровски.