Кандидатот за претседател на Македонија, Гордана Силјановска Давкова на својот твитер профил изрази надеж дека нејзиниот противкандидат нема да бега од телевизиска дебата како што тоа го направил на твитер бришејќи негов пост.
Јас си легнувам драги твитерџи(к), утре ме чека работа. Да ве потсетам дека денес најдраг твит ми беше #СтевоИзвини а ти ќе имаш независен, натпартиски штаб? Колегата избега од дебата, бришејќи си го својот твит. Нека бега тука, на телевизија белким ќе се појави....Ваша ГСД., твитна доцна синојќа Силјановска.
Инаку, во текот на вчерашниот ден откако Пендаровски ја „пецна“ Силјановска на твитер со коментар за тоа кои штабови ќе стојат позади нејзе, таа му реплицираше по што тој го избриша твитот.
Деталите за твитер дуелот се објавени во текстот: Кампањата се префрла на твитер, Пендаровски го избриша постот за Силјановска (Фото)