Од За Алијанса на Албанците 27 април е политички монтиран случај, оти ако требало некој Албанец да одговара , поголема е одговорноста на заменик министерот, и тогаш и сега, за внатрешни работи, рече гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари во вечерашното издание на емисијата „Отворено на Алфа“.
-Ова е еден вид притисок за Алијанса за Албанците оти ние сме опозиција во парламентот, имаме наш кандидат за претседател чии пак бројки се одлучувачки ако не помине во втор круг – иако нашите анкети велат дека шансите се големи, вели Таравари.
Тој меѓу другото, не ја исклучи можноста за политички дилови со македонската опозиција, иако некои од медиумите веќе објавија дека идејата е ВМРО ДПМНЕ да го поддржи кандидатот на Алијанса за градоначалник на Дебар, а албанската опозициска партија да му врати со поддршка за Силјановска – Давкова во вториот круг.
-Секакви политички дилови се можни, особено пред парламентарните избори, и за тоа се отворени и Беса и Алтернатива, освен ДУИ и Вејсел Мемеди. Така што ништо не се исклучува. До сега немаме преговори или договори со никого до сега, математиките конкретно за Дебар е тоа дека нашиот кандидат води со 30-40 отсто пред тој на ДУИ. Но, да почекаме да видиме како ќе се одвиваат работите во вториот круг. Сите математики се можни, отворени сме за комуникација со сите, но цврст договор немаме, додаде градоначалникот.
Единствено добро од оваа влада, според Таравари, е преспанскиот договор, но ништо друго.
-Нема реформи и нема никаква промена подобро. Ако во 2016 од Македонија избегале 108 лекари, во 2018 нивната бројка е 260. Што се смени во обвинителството, откако постои СЈО? Ништо, се е исто. Зошто тогаш да поддржиме закон со кој се продолжува животот на СЈО под капата на друго нефункционално обвинителство. Ова е тешка импровизација. Досега не видовме предмет од СЈО во кој се обвинуваат функционери од ДУИ, не може да има обвинети само од ВМРО ДПМНЕ - без ниту еден од ДУИ, нагласува Тараври.
На прашањето дали Стевчо Јакимовски е политички предизборен прогон, тој одговара:
-Ги знаете бомбите, слушавте кога тие апсења се случувале. Не прејудицирам ништо, ако господинот Јакимовски е крив треба да одговара, но периодот когаа-апсењата се случуваат е многу симптиматично, додава Таравари.