Учениците од подрачното основно училиште „Никола Карев“ во Норово и прилепското основно улилиште „Кочо Рацин“ спроведоа чистење и рециклирање на отпадот во селото Норово.

Тоа е дел од проектот за меѓуетничка интеграција на Министерството за образование и наука и е прв дел од активностите во овој проект кој ќе трае до крајот на учебната година во јуни.

Активностите на двете училишта и самиот проект се поддржани од крушевската локална самоуправа, нагласува градоначалникот Томе Христоски.

-Покрај меѓуетничко интегрирање, со најмладите работиме и на решавање на уште еден проблем, одржување на хигиената и подигнувањето на свеста кај младите за важноста од чистата животна средина. Општина Крушево ќе продолжи да го поддржува овој проект и нуди целосна соработка, рече Христоски.