Учениците од средното електро-машинско училиште разнесуваат „Коле Нехтенин“ ќе готват, а волонтерите од Општинската организација на Црвениот крст Штип ќе ги разнесуваат оброците на социјално загрозените семејства во селските средини. Оваа активност Црвениот крст ја реализира во рамкит на националната програма „Црвен крст во акција“, а во соработка со училиштето „Коле Нехтенин“.

- Учениците од нашето училиште се носители на овој проект и нашето училиште како општествено одговорна институција дава логистичка поддршка за успешно реализирање на овој проект, рече Дејан Павлов, директор на СОУ „Коле Нехтенин“ - Штип.

Секретарот на Општинската организација на Црвениот крст – Штип Викторија Милановска рече дека проектот почнуваат да го реализираат од денеска.

– Конкретно денеска започнуваме од населеното место колонија Ванчо Прќе во близина на селото Крупиште, продлжуваме до околните населени места каде има само по неколку куќи со социјално загрозени семејства. Во наредниот период, наши екипи ќе ги посетат социјално загрозените семејства и во останатите населени места од овој дел на штипскиот регион, рече Милановска.

Учениците стекнуваат практични знаења од кулинарството. Учениците на социјално загрозените семејства денеска им приготвија различни видови на јадења, леќа, грав, паста болоњезе, супа и други варива, но и десерти.

Проектот што заеднички го реализираат учениците и волонтерите на Црвениот крст – Штип е насловен „Сплотен град за нула глад“.